Италијанскиот прволигаш Емполи го врати Аурелио Андреацоли на кормилото и тоа по само четири месеци откако го избрка. На негово место тогаш дојде Бепе Јакини кој во вторникот доби отказ поради лоши резултати. Место Јакини на клупата повторно седнува Андреацоли кој ги предводеше „сините“ од Тоскана до промоција во Серија А минатата сезона.

Емполи има само еден бод над опасната зона. Андреацоли претходно работеше како асистент на Лучано Спалети во Удинезе и во Рома.