Пари Сен Жермен има импресивен рекорд и пред својата публика во натпреварите од ракометната Лига на шампионите нема пораз на 36 натпревари, односно од ноември 2014 година.

Но, за стратегот на „светците“, Раул Гонзалез, кој сезонава има 13 победи и само еден пораз со гол разлика од Пик Сегед во Европа, ваквиот податок не значи ништо.

„Овие бројки се анегдота за мене. Само затоа што ПСЖ нема пораз од 2014 на домашен терен, тоа не значи дека ќе победи во Келн во јуни. Тоа е многу, многу далеку и многу работи може да се случат дотогаш“, во свој стил заклучува Шпанецот.

ПСЖ како првопласиран во групата Б обезбеди директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Мотор Запорожје и Келце.

„Иако завршивме први во групата, имаме и рекорд, и сето тоа, ова не е нашата цел. Сакаме да одиме што е можно подалеку во ЛШ и знаеме дека секој тим што ќе се најде во четвртфиналето има исти амбиции – Ф4 во Келн“, додава Раул Гонзалез.