Кристијано Роналдо на најдобар можен начин покажа кој е кој. Самиот го урна Атлетико Мадрид, му „стегна“ три гола на клубот кој му е редовен „пациент“, го однесе Јувентус во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, и на крај го „поздрави“ Диего Симеоне со неговата финта.

Секоја чест за мајсторот,за Кристијано Роналдо, еден од најдоброте фудбалери во историјата.

Сепак има уште нешто. Ако се погледнат бројките овој вчерашен меч со Атлетико Мадрид за него беше 160 во Лигата на Шампионите, во сите тие тој постигнал дури 124 голови. Во изминатиот период во ова натпреварување играле 130 клубови, и само 22 имаат повеќе голови постигнато од Роналдо. Значи тој самиот е подобар од останатите 108 клубови.

Затоа уште еднаш секоја чест МАЈСТОРЕ…