Во втората рунда во Азиската Лига на шампиони Кавасаки Фронтал го победи австралискиот ФК Сиднеј со 1:0. Единствениот гол го постигна Шаито Манабу кој беше прогласен за играч на натпреварот. Наградата за неговиот перформанс е ананас!

Секако ова е една од почудните награди за играч на натпреварот. Пред некоја година во Африка на играч на натпревар му беше доделен 5ГБ телефонски интернет од спонзорот.