Адриан Бајрами (16), кој е член на еден од најголемите и најтрофејни европски клубови, ќе игра за Македонија. „Спортмедиа“ открива дека Бајрами се одзвал на повикот на селекторот на нашата репрезентација до 17. години, и ќе биде големо, екстра засилување за нашиот национален тим во младинските категории. Секако дека во догледно време тој би требало да биде носител на играта и на нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Инаку Бајрами, кој е стопер, а може да игра и на местото лев бек, е роден на 5 април 2002 година во Лагентал (Швајцарија), но неговите корени се од Македонија, поточно од Кичево. Својата кариера ја започува во младинската школа на Јанг Бојс и како еден од најталентираните веднаш паѓа во око на менаџерите на најголемите клубови. Најбрза беше Бенфика и во август минатата година тој прави трансфер во тимот од Лисабон, потпишува договор кој трае до 30 јуни 2020 година.

Во минатото, барем од она што успеавме да најдеме на интернет, тој бил член на У-16 на Швајцарија.