Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер вечерва против Ливерпул го игра 100 меч во Лигата на шампионите и е само четвртиот играч на баварскиот гигант кој ја надминал таа граница на натпревари во најсилното клупско натпреварување. Пред него се Филип Лам (112 меча), Томас Милер (105) и Оливер Кан (103).

Исто така Ноер е само шестиот голман и втор Германец со трицифрен број на натпревари во елитното европско клупско натпреварување. Во ова друштво се Оливер Кан, Виктор Валдес, Џанлуџи Буфон, Икер Касиљас и Петр Чех.