Селекторот на летонската репрезентација Славиша Стојановиќ, денеска беше и официјално промовиран на чело на Летонија, а во исто време го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија во Скопје.

Стојановиќ од оние подобрите, не смета единствено на Алексејс Савељс од Верона кој што не се најде на списокот за првиот меч со Македонија.

Од 28-те играчи кои ги повика, само 11 се интернационалци, а дури 17 од домашното првенство, од каде доминираат од Рига и од Лиепаја.

 

ГОЛМАНИ: Андрис Ванинс (Цирих, Швајцарија), Павел Штеинборс (Арка, Полска), Каспарс Икстенс (РФС).

ОДБРАНА: Виталијс Максименко (Олимпија, Словенија), Владиславс Габовс (Рига), Каспарс Дубра (Иртиш, Казахстан), Виталијс Јагодинскис (РФС), Антонс Куракинс (Рига), Марцис Ош (Ксамакс, Швајцарија), Вадимс Жулевс (Лиепаја), Антонијс Черномордијс (Рига).

СР. РЕД: Алекс Вишнаковс (Рига), Олегс Лаизанс (Рига), Артурс Зјузинс (РФС), Игорс Тарасовс (Шласк, Полска), Ритварс Ругинс (Рига), Јанис Икауниекс (Лиепаја), Робертс Савалниекс (РФС), Јевгенијс Казачокс (Вентспилс), Кристианс Торес (Лиепаја), Вјачеславс Исајевс (РФС), Андрејс Циганикс (Камбур, Холандија), Кристерс Тоберс (Лиепаја).

НАПАД: Валеријс Шабала (Побдескидзие, Полска), Денис Ракелс (Пафос, Кипар), Артурс Карашаускс (Рига), Владиславс Гурковскис (Термалика, Полска), Робертс Улдрикис (Сион, Швајцарија).