Осогово од Кочани е тим на денот според официјалниот „Твитер“ профил на италијанскиот гигант Рома. Италијаните секојдневно го бираат ова, и денеска изборот падна токму на кочанскиот третолигаш.

„Тимот на денот според Твитерот на Рома е Осогово, третолигашки клуб од Македонија. Формиран е во 1924 година, доаѓа од Кочани, град со 35.000 жители. Тоа е еден од активните клубови на Твитер од Македонија“, стои во „твитот“ на италијанскиот гигант.