Реал Мадрид и Тотенхем сé во процес на преговори за евентуален трансфер на Кристијан Ериксен на „Сантијаго Бернабеу“, но во истовреме како дел од процесот на преговори се појави и името на Герет Бејл.

Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, Велшанецот влегол во комбинација за трансфер во Лондон, дури и како можен дел од трансферот на Ериксен. “Спарси” не е подготвени да платата сума од 70 милиони евра за 29-годишниот Бејл, но затоа нудат опција за “кралскиот клуб”, во кој цената на Ериксен може да биде намалена, а за сметка на тоа да го добијат Бејл на позајмица, со опција за откуп на договорот.

Герет Бејл се пресели во Реал Мадрид од Тотенхем во летото 2013 година за 101 милион евра, а во тоа време овој трансфер беше најскап во историјата на фудбалот. Во моментов, трансферот на Бејл во Реал го зазема седмото место на листата на најскапите трансфери на играчи.