Видеотон го совлада Ференцварош со 2:1 на гостински терен во првиот меч од четвртфиналето на унгарскиот Куп. Ова воедно беше македонско дерби во Унгарија затоа што за Ференц настапува Стефан Спировски, а за Видеотон Бобан Николов.

Спировски не играше денеска поради повреда, а Николов беше на теренот сите 90 минути и беше еден од најдобрите фудбалери на гостинската екипа. Не беше опасен во нападот, но затоа голема задача заврши во затворањето на противничките играчи и освојувањето на топки.

Мол Види поведе со голот на Јунаш уште на стартот, а изедначи Гориаран во 27 минута и гостите одново го вратија водството во 58. минута преку Винисиус.

Ференцварош е најуспешен клуб во Купот со 23 титули досега, а Мол Види има една од сезоната 2005-06.