После последните случувања во ФФМ, писмото од АМС, од федерацијата денеска излегоа со став. Тие се сигурни дека претходно закажаното Собрание на 17 март 2019 година ќе биде одржано, и дека на истото ќе престојуваат гости од УЕФА и од АМС. Портпаролот Златко Андоновски истакна дека Собранието не е доведено во прашање, и дека од Федерацијата се поднесени претставки на барањето од АМС до ФФМ.

„Поднесени се претставки по судски пат до барањето на АМС за кое сметаме дека нема правна основа, и тоа го објавивме претходно. Собрание на ФФМ на 17 март ќе има. Тоа е сигурно, и на истото е потврдено присуство на гости од УЕФА, како и од АМС.“, изјави Андоновски кој не потврди дали тоа значи дека ФФМ ќе ја тужи Агенцијата за млади и спорт.