Во Баерн речиси никој да не е задоволен од тактиката на Нико Ковач на двомечот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите против Ливерпул. Германскиот гигант во целост беше надигран и баварците се свесни за тоа. Сега секој сака да каже нешто, и се во насока дека Ковач ја утнал тактиката.

Дека и Франц Бекенбауер, почесниот претседател на клубот има свој коментар, докажуваат и овие негови зборови.

„Јирген Клоп во Баерн? Па тоа би било супер. Клоп е тој кој што ги научи Германците да играат брз фудбал“ директен беше Кајзер Франц.

Овие негови зборови говорат многу за тоа што тој мисли за Ковач и неговото водење на тимот на двата меча проти Ливерпул.