Вардар нема проблеми во составот пред саботниот дуел со Шкупи кој ќе се игра на „Борис Трајковски“ во Маџари. Нема проблеми околу составот, единствено ќе отсуствува Горан Попов кој подолго време се рехабилитира од повредата.

Кристијан Тошевски и Матеј Цветаноски кои беа повредени, се вратија во составот, и веќе беа дел од Вардар на дуелот со Беласица.

Исто така тренерот Александар Васоски нема проблеми ниту со суспензии и картони.