По одличните резултати на Шкупи на стартот на пролетниот дел, од вчера во Скопје е и газда Олгун Ајдин. Тој од Турција дојде директно на Чаир каде присуствуваше на тренингот на фудбалерите. Ајдин не го криеше свото задоволство од последните успеси на неговиот тим, вети и дека ќе го следи скопското дерби со Вардар, кое се игра во сабота на „Борис Трајковски“. Секако дека им даде поддршка на своите играчи а за клупскиот сајт изјави…

„Јас дојдов во Скопје да го изразам своето задоволство и да им дадам поддршка на сите во клубот. Ние сме клуб, тим со карактер, млади сме и како клуб сме со голема вредност. Гледам дека во клубот владее семејна атмосфера. Сакам да кажам дека во иднина тимот ќе биде посилен“ изјави пресреќниот Ајдин.