Динамо Загреб не успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на Европа, откако не ја сочува предноста од 1:0 од првиот меч во Загреб.

„Модрите“ не успеаа да го издржат жестокиот притисок од Бенфика и загубија со 3:0 по продолженијата и со тоа се елиминирани од Лигата на Европа. Бенфика во регуларните 90 минути победи со 1:0 со голот на Жонас во 71. минута поради што ја надополни негативата од првиот меч во Загреб.

Во продолженијата, во 94. минута Феро шутна од 20 метри и топката заврши во голот на Ливаковиќ. Веќе во наредната акција хрватскиот првак можеше да дојде до гол, но Амер Гојак промаши чиста шанса за гол. Оршиќ му ја сервираше топката, а тој необјасниво од пет метри шутна покрај голот.

Во 102 минута црвен картон доби Петар Стојановиќ поради пригово кон судијата, а три минути подоцна Алекс Грималдо ги реши сите дилеми. Од 25 метри го погоди десниот горен агол на голот на Ливаковиќ.