И покрај несфатливата елиминација во осминафиналето на Лигата на шампионите од Манчестер Јунајтед, германскиот стратег на клупата на ПСЖ, Томас Тухел ќе добие нов договор.

Како што објави авторитетниот француски весник „Л’Екип“, Германецот во текот на наредните недели треба да ја продолжи соработката со парижани за уште една година, што значи дека останува на кормилото на „светците“ до 2021 година.

Претседателот на клубот, Насер Ал-Калаифи, во Тухел гледа долгорочно решение на клупата на тимот и според него Тухел одлично си ја извршува задачата.