Ако мал им беше шокот кој им го приредија нивните миленици на гостувањето кај Манчестер Сити во Лигата на шампионите со поразот од 7:0, дополнителни „стресови“ им предизвика фактот дека мора да се враќаат со авион на најлутиот ривал. Навивачите на Шалке кои беа на мечот во Англија морале да се враќаат со авион обоен во боите и логото на Борусија (Д), инаку најомразениот ривал на момците од Гелзенкирхен.

Според германските весници станува збор за чиста случајност, затоа што од Eurowings потврдиле дека овој авион е дел од редовната флота и често лета на повеќе дестинации, меѓу кои и до Стокхолм, Дизелдорф…

За навивачите на Шалке овој шок веројатно не беше воопшто пријатен.