Интер им приреди уште едно големо разочарување на своите фанови, не успевајќи да се пробие ниту меѓу осумте најдобри тимови во второто по ранг европско натпреварување. По ремито 0:0 на гостувањето во Германија, „нероаѕурите“ дозволија да примат ран погодок на домашен терен и практично да му го отворат патот на Ајнтрахт кон четврфиналето. Јовиќ беше стрелецот на голот кој Германците ги носи во следната фаза, а Интер може само да жали за уште една пропуштена шанса. За Ајнтрахт ова беше 8 победа во Лигата на Европа оваа сезона, нешто што досега не му успеало на ниту еден германски тим во ова натпреварување.

Фудбалерите на Арсенал силно го започнаа мечот со Рен, решени да ја надоместат негативата од првиот меч (1:3). Во прилог на тоа им појде и раниот погодок на Обамејанг уште во 5. минута со кој „топчиите“ дојдоа во водство од 1:0. Само 10 минути подоцна домашните погодија и за 2:0 преку младиот Метленд-Нилс, за на стартот на второто полувреме Арсенал да дојде до предност и од 3:0 со вториот гол на Обамејанг, кој се покажа како решавачки за пласманот во четврфиналето.

Виљареал со оние 3:1 кои како предност ги донесе од Ст. Пeтерсбург имаше само рутинска задача на дуелот со Зенит. Домашните славеа со 2:1 и само го потврдија своето место меѓу осумте најдобри.

Славија и Севиља ги повторија оние 2:2 од првиот меч во Шпанија и влегоа во дополнителни 30 минути за да се добие патникот во четврфиналето. Идентична беше ситуацијата во Лисабон, каде Бенфика му врати на Динамо (З) за поразот од 1:0 со идентичен резултат, па и во Португалија се играат продолженија.

ЛИГА НА ЕВРОПА

ОСМИНАФИНАЛЕ (РЕВАНШИ)

Бенфика – Динамо (З) 1:0 (1:1)

Славија (П) – Севиља 2:2 (4:4)

Арсенал – Рен 3:0 (4:3)

Виљареал – Зенит 2:1 (5:2)

Интер – Ајнтрахт (Ф) 0:1 (0:1)