Кристијано Роналдо беше фантастичен против Атлетико Мадрид, уште еднаш докажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери.

На неговата адреса стигнаа бројни честитки и пофалби, а меѓу нив е Лионел Меси.

„Навистина е импресивно она што го сторија Јувентус и Роналдо. Мислев дека ќе биде тешко против Атлетико, но Роналдо беше магичен. Имаше магична ноќ и постигна хет-трик“, рече Меси.

Утре е ждрепката за Лига на шампиони, можна е пресметка меѓу Јувентус и Барселона во четвртфиналето, односно дуел меѓу Роналдо и Меси.

„Со кого и да играме ќе биде тешко“, додаде Аргентинецот.