Кире Маркоски со неговиот тим Спартак Трнава ќе игра во полуфиналето на словачкиот Куп, откако вчера по изведувањето на пенали неговиот тим го совлада Кошице.

Маркоски одигра до пред самиот крај кога беше заменет, а потоа неговата екипа по изведување на удари од белата точка го совлада противникот, и тоа на гостински терен.

Вчера во полуфиналето на Купот во БиХ место обезбедија Крсте Велкоски со Сараево, и тренерот Гоце Седлоски со Широки Бријег.