Косоварот Берсант Целина е хит на денот на Островот, откако на вчерашниот меч во англиската Чемпионшип лига имаше епско промашување на удар од белата точка. Фудбалерот на Свонси имаше шанса да го израмни резултатот во првото полувреме при водство на домашните од 1:0. Во 39. минута велшките „лебеди“ добија пенал, но Целина прописно се изрезили при изведувањето.

Тренерот на Свонси, по мечот му даде поддршка на Целина изјавувајќи дека „тоа беше еден од моментите кои не му ги посакувате никому“.