МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА2, но факт е дека мечот со Спарс немаше никакво резултатско значење, а и ривалот го потврди тоа бидејќи допатува некомплетен во Скопје.

„Натпреварот против Спарс го видов како еден дуел без набој и без резултатско значење. Противникот дојде со четири играчи помалку, но за нас беше важно да победиме и да направиме еден добар „тренинг“, како подготовка за плеј-офот. Мислам дека успеавме во тоа. Спарс и без четири играчи покажа дека е шутерска екипа, дека е опасна. Поради тоа очекувам тешка борба во плеј-офот“, потврди тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

МЗТ и Спарс силите ќе ги измерат за една недела во полуфиналето на „плеј-офот“ во АБА2.