Ливерпул против Баерн беше подобар и успеа да се пласира во следната фаза во Лигата на Шампионите. Баварците по тие 1:3 на домашен терен се уште не можат да се помират со елиминацијата, па затоа дел од играчите „удрија“ по тренерот Ковач.

„Во првиот меч немаше ризик од наша страна, не се ни обидовме да постигнеме гол“ се дел од критиките на Левандовски до својот тренер-„и на вториот меч не беше поинаку, и на наш терен ние не игравме напаѓачки и затоа немавме шанси. Тоа беше нашиот проблем, игравме дома, тоа беше наш натпревар а ние не напаѓавме. Затоа Ливерпул победи. Не сум среќен, лут сум зошто знам дека можевме подобро“изјавил гневниот Левандовски.