Лестер навистина не се шегува, имено како што пишуваат медиумите во Турција и Англија, Лестер и официјално го контактирал раководството на Фенербахче и се распрашувал за евентуален трансфер на Елиф Елмас во редовите на Премиерлигашот. Тоа значи дека и официјално во некоја рака започнале почетните преговори меѓу Лестер и Фенер за трансфер на Македонецот во екс шампионот на Англија.

Познато е дека Брендан Роџерс, новиот менаџер на Лестер инсистира да му се доведе „Дијамантот“ веднаш по завршувањето на тековната сезона. Ова е првиот официјален контакт на некој клуб со челниците на Фенер за трансфер на Елмас. Досега се споменуваше  само интересот на Реал Мадрид, Манчестер Сити, Лацио, Тотенхем, Баерн Минхен, но немаше понуда од никого. Лестер очигледно е првиот кој не крие дека сериозно го посакува во своите редови Елиф Елмас.