Според пишувањата на грчките медиуми, откако Олимпијакос денеска изрази желба да заигра во јадранската АБА лига, сега и неговиот главен опонент во грчкото првенство, Панатинаикос, има иста желба. Клубот од Пиреја соопшти дека преговара со АБА лигата, затоа што веќе не сака да настапува во исто првенство со Панатинаикос.

Денеска Панатинаикос испрати писмо до АБА лигата во кое вели дека сака да се натпреварува во силно првенство во кое игра и нивниот најголем ривал Олимијакос. Клубот од Атина нема намера да го напушти грчкиот шампионат, туку сака паралелно да игра и во двете првенства.

Контроверзниот претседател на ПАО, Димитрис Јанакопулос, е познат по своите настапи и испади во јавноста, па воопшно не чуди и оваа негоа реакција по најавата на Олимпијакос дека сака место во АБА лигата.