Манчестер Јунајтед ќе игра без Ромео Лукаку на претстојниот натпревар против Вулверхемптон во четвртфиналето на ФА Купот. Причина е повреда, која белгискиот напаѓач ја добина дуелот со ПСЖ. Лукаку обнови една стара повреда, која е детектирана по прегледите направени деновиве.

Покрај средбата со Волвс, Лукаку исто така ќе мора да ги пропушти и натпреварите на Белгија со Русија и Кипар. „Црвените Ѓаволи“ се надеваат дека поранешниот „ас“ на Челзи ќе се врати на тренинзи веднаш по репрезентативната пауза, за да може да се подготви за престојните четврфинални средби во Лигата на шампионите.

Алексис Санчез, Џеси Лингард и Хуан Мата, исто така, се повредени, додека Марсијал се врати во тимот.