Женската сениорска репрезентација на Македонија во третиот шешир ќе ја чека ждрепката за квалификациите за ЕУРО 2020 во Норвешка и Данска.

Македонија според резултатите и рејтингот е во друштво на Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина и Италија, кои не може да ни бидат ривали во квалификациите.

Ждрепката е закажана на 4 април во Копенхаген, каде репрезентациите ќе бидат поделени во седум групи по четири екипи, меѓу кои е и европскиот првак Франција.

ЕП ќе се одржи од 4 до 20 декември следната година.

ПРВ ШЕШИР: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија

ВТОР ШЕШИР: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска

ТРЕТ ШЕШИР: Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, МАКЕДОНИЈА, Икраина, Италија

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски О., Косово, квалификант прва фаза.