Македонската фудбалска репрезентација на 24 март ќе и гостува на Словенија во рамките од квалификациите за ЕУРО 2020, а Словенците веќе го најавуваат натпреварот со рекламни паноа и плакати.

Но, на истите сме именувани со името „Северна Македонија“, што не му се допадна на еден македонски фудбалски фан, кој се потруди да ја покрие „Северна“ на колку што може повеќе паноа.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се одигра на стадионот „Стожице“ во Љубљана.