Ниту Еден Хазард, ниту Килијан Мбапе или пак Нејмар, ќе бидат првите засилувања во редовите на Реал Мадрид по враќањето на францускиот стручњак.

Станува збор за фудбалер кој има само 21 година, а во Порто дојде минатото лето од Сао Паоло. Ја минал истата фудбалска школа како сонародниците Кака, Кафу, Оскар.

За неговите услуги заинтересиран е и Манчестер Јунатед, а вредноста на трансферот треба да изнесува околу 45 милиони фунти.

Милита може да игра на неколку позиции. Порто во своите редови го донесе за шест милиони фунти, а по само 12 месеци неговата сума рипна драстично.