Селекторот на репрезенацијата до 21 година Благоја Милевски, го објави списокот на репрезентативци кои ќе настапат на претстојниот „Анталија Куп“ од 18 до 27 март во Турција. Нашата селекција ќе одигра три контролни натпревари, и тоа против Украина (22.03), против Летонија (24.03) и против Естонија (26.03).

Дебитанти во нашата селекција се Бејхан Ахметов од Борусија Дортмунд и Бесард Шабовиќ од Ѓугарден. Ахметов до сега играше за младите репрезентации на Германија со бројот 10, и сега ќе настапува за Македонија.

За селекторот Милевски ова ќе биде прв настап со младата селекција по неговото враќање на клупата по кратката авантура во Израел во тимот на Ашдод.

На списокот очекувано се најде и Филип Антовски, по успехот со младинскиот тим на Динамо Загреб и пласманот во 1/4 финалето од младинската ЛШ, а тука се и Димитар Митровски, Кристијан Трпановски, Ердон Даци…

Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа);

Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев);

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Дјургарден, Шведска);

Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција);