На грчкиот второлигаш Керкира во следните неколку дена може да му бидат одземени три бода, поради долг кон еден од македонските фудбалери кои настапуваа таму Владимир Димитровски и кон уште еден играч.

Димитровски играше во Керкира во сезоната 2014/2015, а долгот се однесува за настапите во сезоната 2016/2017. Од таму потоа замина во Докса, па сега игра за Работнички.

Според информациите од грчките медиуми, на Димитровски му се должат нешто повеќе од 12.000 евра.

Покрај одземање бодови, Керкира може да се соочи и со дополнителна парична казна.