Во оваа сезона Енис Барди има постигнато само еден гол од слободен удар во шпанското првенство. Тоа е премалку во однос од ланската сезона кога беше еден од најдобрите изведувачи, и постигна пет голови.

Шпанските медиуми во последните денови направија анализа, и оценија дека резултатите на Леванте во оваа сезона, како и пласманот би бил многу подобар доколку екипата го имала „ланскиот“ Барди за слободни удари.

Меѓутоа во последно време токму со слободните удари не му оди на Леванте. Покрај него прекини изведуваат и Рубен Рочина и Јозе Кампања, но овие двајца немаат ниту еден постигнат гол.

Барди има само еден гол од 16 обиди, додека вторите двајца немаат ниту еден од четири, односно од два шута од слободен удар.

Меѓутоа во шпанската лига оваа сезона слабо се изведуваат слободни удари, особено сега откако го нема Кристијано Роналдо. Така ниту Меси од Барселона не шутира според очекувањата, па тој има постигнато само три гола од прекин, или 9% реализација. Гризман од Атлетико има два, а Реал Мадрид има само еден гол од прекин и тоа на Себаљос. Постојат екипи како Леганес и Реал Сосиедад кои и натаму немаат гол од слободен удар во првенството.

Токму од тука навивачите, но и целата јавност го посакуваат ланскиот Барди.