Возбудувањето во Јувентус по оние 3:0 против Атлетико Мадрид, се уште не е минато. Сега сите во кај „бјанко – нерите“ се на седмо небо. А дека тие знаат како да ја „запалат“ јавноста, посебно своиет фанови, доказ е изјавата на директорот на клубот Фабио Паратици, кој за „Тутоспорт“ истакна…

„Да, Јувентус ќе направи се што е во негова можност да го доведе Килијан Мбапе“. Тој со ова само ги потврди зборовите на претседателот Андреа Ањели пред извесно време кој потенцираше дека во иднина ќе купат мега – ѕвезда во 25 година а не во 33, се мисли на Роналдо.

„Незаситни“, тоа е коментарот на „Тутоспорт“ за намерите и амбициите на Јувентус. Во ПСЖ сега Јуве има свој човек, тоа е Џиџи Буфон, тој секако дека ќе се обиде да помогне во реализацијата на овој евентуален мега трансфер на Мбапе во Јуве.

Познато е дека вакви трансфери Јувентус не прашува за пари.