Трагедија во Формула 1, на само еден ден прет стартот на новата сезона во Ф1 циклусот. Шефот Чарли Вајтинг ненадејно почина денеска на 66 години. Тој претрпел белодробна емболија во Мелбурн, каде што утре стартува новио шампионат.

Вајтинг беше директор на Ф1 трките и ги надгледуваше сите правила поврзани со овој спорт.

Вајтинг е еден од највлијателните луѓе во овој спорт, а влегол во Формула 1 во 1977 година и освои две шампионски титули со Бребем. Во 1988 година се придружи на Меѓународната автомобилистичка федерација прво како технички директор.

Тој беше одговорен за безбедноста на сите Ф1 трки.