Поранешниот играч од Манчестер Јунајтед и англиски фудбалски репрезентативец, Пол Сколс, заминува од кормилото на Олдам по само 31 ден од промоцијата. 44-годишниот Сколс го презеде Олдам на 11 февруари и беше на кормилото на тимот на само седум натпревари, од кои Олдам успеа да добие само еден.

„За жал стана јасно дека нема да можам да работам како што сакав. Се надевав дека во најмала рака ќе бидам овде најмалку 18 месеци како менаџер на клуб што го поддржував целиот мој живот. Навивачите, играчите, моите пријатели и семејството знаеја колку сум горд и возбуден што требаше да ја искористам оваа улога. Посакувам навивачите, играчите и персоналот, кои ме поддржаа, во остатокот од сезоната да продолжат да се борат, а јас и натаму ќе бидам нивен навивач“, изјави легендата на Манчестер Ј. при заминувањето.

Сколс го презеде Олдам на 14. место на табелата и го остава тимот на истата позиција.