Јапонскиот ски-скокач Ројо Кобајаши фантастичната сезона во Светскиот куп, ја потврди со 12-тата победа во норвешки Трондхајм, каде и во двете серии имаше најдолги скокови (141 и 141.5 метри).

Второто место му припадна на Андреас Стјернен од Норвешка со два скока од по 137 метри, кој заостана од 10,4 поени зад победникот, додека трет заврши Австриецот Штефан Крафт (136,5 и 135 метри).

Кобајаши, кој веќе ја има осигурано титулата во генералниот пласман, направи сериозна предност пред конкуренцијата во пресрет на последната станица од турнејата закажана за викендов во Викерсунд.