МЗТ Скопје Аеродром славеше со 93:77 над Спарс во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во АБА2.

Босанскиот тим, кој е противник на „штрковите“ и во полуфиналето од плеј-офот, кој стартува следната среда, настапи некомплетен на овој меч (односно без најдобрите играчи).

За МЗТ, тоа само отвори простор да одигра натпревар во кој имаше константна контрола над резултатот во најголемиот дел од средбата.

Единствено воведната четвртина понуди неизвесност (24:23), додека во продолжението „металците“ ја имаа иницијативата, а победата ја најавија уште на почетокот на последниот период.

Предраг Самарџиски со 26 поени и 11 скока го предводеше МЗТ, Иванов постигна 19 поени, а Вудард 15, додека во редовите на Спарс, Мањгафиќ со 16 поени беше најефикасен.