Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, нема намера да ја промени средината ова лето. И покрај бројните шпекулации за негово напуштање на „Олд Трафорд“, последниот развој на настаните во тимот и доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на кормилото, го променија неговиот план.

Французинот веќе ги информирал шефовите на тимот и менаџерот Солскјер дека има намера и следната сезона да ја помине во редовите на „црвените ѓаволи“.

Тековниот договор на Манчестер Јунајтед со Погба е со важност до 30 јуни 2021 година и вклучува опција за продолжување на истиот за уште една сезона. Претходно беше објавено дека Јувентус бил заинтересиран за трансфер на Погба, но од тоа сигурно ќе нема ништо.