Талентираниот бразилски дефанзивец Едер Милитао договори трансфер од Порто во Реал Мадрид за 50 милиони евра. Трансферот го обелодени најтрофејниот клуб во ЛШ, а ќе се случи во јули 2019 година. 21-годишниот фудбалер потпиша шест години.

За Милитао беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, а тој игра на позицијата стопер и десниот бек.

Инаку Порто добро ќе заработи од овој трансфер, со оглед на фактот дека во јули 2018 година дојде за 4 милиони евра од Сао Паоло. Во септември дебитираше за бразилскиот национален тим, а потоа и во ЛШ. За овој трансфер дел ќе добие и Сао Паоло, односно ќе инкасира 7.5 милиони.

Тоа е прво засилување по враќањето на Зидан во кралскиот клуб.