Кристијано Роналдо на дуелот против Атлетико Мадрид постигна хет-трик и го одведе Јувентус во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Португалецот е вистински мотиватор, добро познато е дека постојано бара од своите соиграчи да даваат повеќе од 100%, а тоа може да се види на виде-записот.

Пред да излезат на теренот по одморот, Роналдо на секој соиграч му пријде посебно давајќи му поддршка за продолжение на дуелот.