Кристијано Роналдо ќе мине само со парична казна, за прославата на хет-трикот, во реваншот меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Португалецот, всушност ја копираше прославата на Диего Симеоне и се фати за меѓуножјето, а УЕФА, која спроведе истрага за ваквото однесување на фудбалерот, утврди дека гестот е наменет за навивачите на Атлетико Мадрид и одлучи да нема суспензија, само парична казна.