Иако мислеа дека се ќе помине лесно, но Манчестер Сити наидоа на проблеми со продолжување на соработката со германскиот играч за врска Лирој Сане. Германецот сака да продолжи да игра за „Граѓаните“ меѓутоа не е се до него. Преговорите меѓу двете страни почнаа уште летоска, но заглавија, и нема никаков прогрес. Според неофицијални информации причината за предизвикување на овие тешкотии во преговорите е мајката на Сане, Регина Вебер поранешната славна гимнастичарка и освојувачка на бронзен медал од ОИ 1984.

Агентот на Сане,  татко му Сулејман Сане, инаку поранешен сенегалски фудбалски репрезентативец ги почнал преговорите за нов договор и се течело како што треба се до моментот кога Регина си зела право да учествува околу дефинирањето на условите за потпишувањето на соработката. Двајцата имаат различни гледишта околу условите кои му ги нуди клубот па поради тоа целата работа се одолговлекува. Сити ги „замрзна“ преговорите до лето кога повторно, со „бистри глави“ ќе се седне да се разговара.

Сане му се приклучи на Сити од Шалке во 2016 година. Инаку актуелниот договор на 23-годишниот фудбалер со англискиот клуб е до летото 2021 година.