Во дуелот на македонските интернационалци во најсилната германска ракометна лига, Филип Талески и Рајн Некар Левен запишаа убедлива победа, 31:21 (15:13) над Филип Миркуловски и Вецлар.

Ако во првото полувреме мечот делуваше интересен и неизвесен, тогаш вториот период комплетно им припадна на „лавовите“ кои на Вецлар му дозволија да постигне само осум гола.

Талески доби малку простор на овој натпревар и постигна еден гол (последниот), додека Миркуловски имаше два погодока за Вецлар.