По дебаклот и историската елиминација со 7:0 од Манчестер Сити во ЛШ, очекувано беше Шалке да остане без својот тренер, Доменико Тедеско.

Клубот информираше дека Тедеско е сменет заедно со неговиот асистент Петер Перчтолд, што е одлука на новиот спортски директор Шнајдер. Двајцата се веднаш разрешени од должноста, додека третиот член на стручниот штаб, Сепо Еичкорн остана во клубот, но на позицијата шеф на скаутингот, далеку од првиот тим.

Во следното коло од Бундеслигата против Лајпциг клубот ќе го предводи легендарниот Холанѓанец Хуб Стевенс, кој ќе биде привремен тренер.

За Хуб ова е трето враќање во Шалке, кој претходно го водеше од 1996 до 2002 година, како и во сезоната 2011/2012. Под негово водство клубот го имаше најголемиот успех, освојувањето на УЕФА Купот во 1997 година.