Последниот турнир од АТП мастерс серијата од 2021 година нема да се одржува во Лондон, а на мастерсот во Мајами следната недела ќе биде дефинирано која ќе биде локацијата на која ќе се заокружува сезоната.

Завршниот мастерс се игра во „О2“ арената во Лондон од 2009 година, но по падот на посетеност минатата година АТП се одлучи да го смени градот, а Токио, Сингапур и Манчестер се најсериозни кандидати за организација.

Како уште еден потенцијален кандидат се споменува и италијанскиот град Торино, за кој тамошните медиуми сметаат дека е најсериозен град-домаќин, со оглед на големите финансиски вложувања на земјата во тенисот.

Кандидатот кој ќе ја добие организацијата, од 2021 до 2025 година ќе ги собира најдобрите светски тенисери во завршниот мастерс турнир.