До сега за секој дел од нокаут-фазата во Лигата на шампионите имаше посебна ждрепка, но сето ова ќе се промени и тоа од утре. Покрај четвртфиналните двојки во Нион веднаш ќе бидат познати и потенцијалните двојки за полуфиналните пресметки.

Овие промени кои ги воведува УЕФА, дефинитивно утрешната ждрепка ќе ја направат дополнително поинтересна, истата е закажан за 12 часот.

Ајакс, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем, Јувентус, Манчестер Сити, Ливерпул и Барселона се тимовите кои обезбедија место во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Првите четвртфинални натпревари се закажани за 9. и 10. април додека реванш дуелите се играат седум дена подоцна.