УЕФА против Нејмар и официјално покрена истрага по коментарите за дуелот меѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

„Ова е срамота. Поставија четворка која не се разбира во фудбал и која се гледа на снимки. Невозможно! Како некој може да постави рака ако е свртен со грб. Е*ете се сите“, напиша Нејмар.

Овие коментари, но фактот дека наводно се обидел да се пресмета со судијата Дамир Скомина во тунелот може да го чини скапо.

Според членот 11, односно кодексот за однесување за навреда и кршење на основните правила, може да добие суспензија од една до три натпревари.

Дисциплинската комисија на 28. март ќе одржи седница на која главна тема ќе биде Нејмар.