Се чини не беше доволен триумфот над Работнички во градското дерби за побројна публика против Спарс во рамките на последното коло од регуларниот дел во АБА2-лигата.

Онаа мала еуфорија по освојувањето на салата „Градски парк“ брзо помина, а доказ за ова е денешната глетка. Иако кошаркарите на МЗТ Скопје токму во домашниот шампионат покажаа дека можат да најдат мотиви и кога зад себе имаа убедлив пораз, сепак за фановите не беше доволна причина за да дојдат во СЦ „Јане Сандански“ и да ги поддржат токму против тимот со кого „сино-белите“ ќе водат битка во плеј-офот.

Бројката од 300 фанови е поразителна….