Николај Дулгеров не е повеќе фудбалер на Работнички. Бугарскиот интернационалец едноставно не задоволи во изминатиот период и затоа клубот го раскинал договорот, да потсетиме дека тој дојде во зимскиот преоден рок како големо засилување. Дали со него почнува евентуалната чистка во клубот од Градски парк? Се знае дека резултатите се лоши, екипата е далеку од потребната форма, некои играчи, како Дулгеров на пример воопшто не задоволија. Тоа значи дека сега на потег е раководството на клубот, кое треба да реагира.

Прашањето е кој после Дулгеров е следен за отказ.

Инаку Работнички во сабота и гостува на Шкендија, во натпревар кој секако дека треба се да надоместува по оние први четири кола, кога од можни 12 бодови освои само пет и сега е далеку од Европа.