МЗТ Скопје Аеродром го победи босански Спарс во последниот меч од регуларниот дел во АБА2 лигата. Противникот со кој „металците“ ќе се соочат и во полуфиналето на „плеј-офот“ не беше во комплетен состав, па поради тоа и сликата од овој меч не е реална. Но „штрковите“ летаат кон „плеј-офот“ и ќе бидат подготвени за предизвикот.